ВИДЕО: Димитриевски: Само со владина помош може да се одблокира сметката на „Чистота и зеленило“
Сметката на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ може да се одблокира само со владина помош, рече градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски на денешниот брифинг со новинарите одговорајќи на прашањето дали општината може да го плати долгот на претпријатието кон Управата за јавни приходи.
Градоначалникот потенцираше дека освен долгот кон УЈП во износ од 400.000 евра, комуналното претпријатие должи и на јавни претпријатија во државна сопственост на централно ниво.