ВИДЕО: Едукативно предавање на фитотерапевтот Милета Манојловиќ
Едукативно предавање на тема „Превенција на здравјето и лекување на најтешките заболувања“ деновиве се одржа во Занаетчиски дом. Едукатор беше Милета Манојловиќ, познат фитотерапевт и стручно лице за природно лекување и исхрана од Србија, инаку професор по физика и филозофија. Присутните имаа можност да слушнат за интегративната медицина која е важен сегмент во алтернативниот начин на лекување.
Манојловиќ е автор е на повеќе од сто природни препарати за ублажување на болката и лекување на канцер на меките ткива, како што се билни мешавини, тинктури, креми, облоги и капсули.
Добитник е на повеќе награди, дипломи и признанија.