ВИДЕО: „Етно фолк студио“ организира ревија на народни носии
Во Занаетчискиот дом утревечер ќе се одржи ревија на народни носии во организација на „Етно фолк студио“ од Куманово.

Пред присутните ќе бидат претставени народни носии на повеќето етникуми кои што живеат во Македонија.
Сите годинашни активности на ансамблот „Етно фолк студио“ се по повод пет години од постоењето.
