ВИДЕО: Жештините ги наполнија здравствените установи

Високите дневни температури ги наполнија здравствените установи. За време на топлиот период во денот (од 10 до 17ч.) да се избегнуваат напорни физички активности, да се носи светла и лесна облека, да се внесува големо количество течност, пред се вода, а помалку храна, хронично болните редовно да ја земаат својата терапија. Ова се дел од препораките на лекарите за заштита од топлотниот бран.