ВИДЕО: Заврши меѓународниот саем „Денови на мед 2022“

Заврши 22 -то издание на меѓународната саемска манифестација „Денови на мед“ во Куманово. Граѓаните деновиве имаа можност да си набават мед и други пчелни производи по саемска цена. Саемот традиционално е во организација на пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово. Наградата за најмлад регистриран пчелар од здружението „Пчела“ му припадна на Оливер Стаменковски, кој што првпат изложува пчелни производи на „Денови на мед“.