ВИДЕО: Завршна манифестација по повод Месецот на книгата

Во холот на средното училиште „Перо Наков“ денеска се одржа завршната манифестација по повод Месецот на книгата организирана од библиотеката „Тане Георгиевски“. На традиционалната манифестација беа доделени награди на учесниците во литературниот и ликовниот конкурс, како и награди за учениците кои што беа дел од општинскиот натпревар „Млади библиотекари“.

-Ќе бидат доделени и дипломи и награди за учениците кои што учествуваа на натпреварот „Млади библиотекари“, првото место го освои Матео Митевски од ООУ „Браќа Миладиновци“ кој што ќе ја претставува библиотеката на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи во Кочани следната година. Што се однесува до активностите, ние овој месец го посветивме на книгата, имавме многу посети од најмалите, од дечињата од градинските, посета од учениците од прво до петто одделение, многу работилници со овие ученици и мислам дека на некој начин ги привлековме учениците да ја засакаат книгата. Оваа година имавме малку поспецифична тема „Една ноќ во библиотеката“. Се надевам дека со оваа тема ги привлековме учениците да размислуваат, да ја развијат својата имагинација и својата фантазија ја пренесат во библиотеката, она што се случува во библиотеката ноќе така што имаше многу убави состави. Што се однесува до ликовниот натпревар имаме многу убави ликовни творби кои што се изложени во холот, се надевам дека многу од учениците ќе бидат идни уметници, изјави Христина Алексовска, директор на библиотека „Тане Георгиевски“

-Чести ми е што завршната манифестација по повод Месецот на книгата се одржува токму во нашето училиште. На литературниот и ликовниот конкурс учествуваа и наши ученици, изјави Мила Жибак -Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“.

Активностите по повод Месецот на книгата се реализираа од 15 октомври до 15 ноември годинава.

Коментари

коментар(и)