ВИДЕО: Засадени над двеста дрвја во градскиот парк
Преку проектот „ЕУ за чист воздух“, денеска во градскиот парк се засадени 210 дрвја донирани од страна на Европската унија. Оваа иницијатива која ја спроведува УНОПС претставува значаен чекор кон создавање поздраво опкружување и зајакнување на отпорноста на градот на климатските предизвици.
„Ова е еден поголем проект кој што вреди 10 милиони евра и целта е да се подобрат условите во однос на квалитетот на воздухот“, изјави Штефан Худолин, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ.
Програмскиот раководител на УНОПС, Марко Вујачиќ информираше дека денеска ќе се засадат 210 дрвја, внимателно избрани видови.
Акцијата се спроведува во соработка со општината и јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, а беа вклучени и ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци“.
Надлежните со апел до граѓаните да се грижат за животната средина заради поквалитетен воздух во градот.
Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ врз основа на Меморандумот со УНОПС има добиено вкупно 1115 садници.
