ВИДЕО: Зголемен интересот за игрите на среќа за празниците

Љубителите на игри на среќа кои што ги нуди Државната лотарија на Македонија се заинтересирани за играта Џокер. Велат дека редовно уплаќаат џокер, без оглед дали играат лото комбинација. Кој игра ќе добие, треба да бидеш упорен, велат кумановци. За помладата популација, пак, за нијанса поатрактивни од уплатата на Лото 7 се грепките.

„Кога среќата се бара и чудата се можни со Титаниум“, порачува Драгана Спасовска од Куманово.

Посебните празнични денови за кумановци секогаш се мотив плус за дарување, а најдобриот подарок, велат, секогаш се игрите на среќа.

-За време на празниците секогаш е зголемен интересот за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Очекуван фонд за добивка со седум погодоци во следното коло за Лото 7 е 28 милиони денари, изјави Теона Лазаровска, продажно место Куманово

Играта Лото 7 е бројчана игра на среќа во која се извлекуваат 7 од 37 броеви. Под среќна ѕвезда – е слоганот на играта Лото 7.

Џокерот е шестоцифрен број кој се генерира по компјутерски пат. Во играта Џокер, може да се учествува без претходно учество во играта Лото 7. На едно помошно ливче може да се уплатат и до 50 џокер броеви.

Играта на среќа ЏОКЕР има шест категории добивки.