ВИДЕО: Извештајот на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво пред советниците

Трибини, предавања и работилници на теми од областа на врсничко насилство, булинг, јавен ред и мир, говор на омраза, трговија со деца, питачење се само дел од активностите на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2024 година.

Извештајот пред советниците на вчерашната седница го презентираше Лиле Младеновска од Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.

Претседателката на Советот на Општина Куманово имаше пофални зборови за реализираните активности од Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, но посочи дека е неопходно поголемо присуство на полициските службеници на терен, како и вклучување во активностите и на родители на учениците со евидентирано девијантно однесување.