ВИДЕО: ИПА Регион Куманово со донација за лицата со попреченост

Членовите на ИПА Регион Куманово во соработка со општинската организација на Црвниот крст донираа новогодишни пакетчиња на корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост над 18 годишна возраст. Хуманитарната акција претставува прва официјална активност на Комисијата за млади, спорт и култура, формирана неодамна во рамките на ИПА Регион Куманово. Претседател на Комисијата е Гоце Николовски.