Заедничко празнување на Бадник денеска организираа и граѓаните на Карап маала. Традиционално, со осветување на бадниковата трпеза, кршење на лепче со паричка и останатите обичаи поврзани со денешниот празник, овие кумановци уште еднаш покажаа дека ги негуваат добрососедските односи.
Кума за наредната година на Бадниковата прослава е Даниела Димковска.