ВИДЕО: И летово не се инвестира во бањата Стрновац

Кумановци ја користат бањата во село Стрновац, но општината Старо Нагоричане не е надлежна за нејзиното одржување. Бањата пред неколку години е дадена под концесија на скопска компанија, но, се уште не се инвестира во комплексот.

Општина согласно развојната програма за годинава вложува во подобрување на условите за живот во козјачкиот регион.

Летово кај плоштадот во селото Старо Нагоричане ќе профункционира и угостителски објект, најави заменик-градоначалникот Бобан Цветановски.