Советниците не дадоа зелено светло за пренамена на средствата кои што претходно биле одобрени за претставата „Калигула“, како централна претстава по повод 75 години Театар Куманово.
На денешната седница советниците расправаа за предлог- одлуката за измена на Програмата на културни манифестации на општина Куманово за 2022 година, односно наместо со претставата „Калигула“, јубилејот на Театар Куманово да биде одбележан со претставата „За кого бијат камбаните“ со средствата кои веќе се одобрени од општината.