Граѓаните на Куманово вчеравечер на градскиот плоштад имаа можност да уживаат во големиот музичко-сценски настан и да проследат настапи на познати македонски уметници и изведувачи во рамките на караванот „Силно светнал денот“, организиран по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.
Оваа манифестација започна на 9 август 2026 година во Охрид и продолжува низ градовите во земјата, носејќи богата музичка и културна програма за граѓаните.