ВИДЕО: Клупската изложба „Мајски салон 2025“ и ФИЛМАЈ 2025 неделава во Занаетчискиот дом
Традиционалната изложба на уметничка фотографија на Фото кино клуб „Козјак“ – „Мајски салон 2025“ ќе биде отворена утревечер во Занаетчискиот дом, со почеток во 19 часот и 30 минути.
Исто така, во организација на Фото кино клуб „Козјак“, на 28 и 29 мај годинава ќе се одржи фестивалот на краток филм – ФИЛМАЈ 2025 во Занаетчискиот дом.
Двете вечери на седмото издание на фестивалот ќе бидат со почеток од 20 часот.