(ВИДЕО) Ковачевски: Со антикризните мерки го ублажуваме ценовниот шок

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. Продискутираа со сопствениците и со вработените кои истакнаа дека континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се препознатливи и по кое ја стекнале довербата од граѓаните за нивните производи.

Премиерот Ковачевски по обиколката на производството истакна дека оваа компанија ги препозна стратешките политики во земјоделството, кои биле од голема помош „Бучен Козјак“ да се развива, осовременува со нова механизација, стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите.

Премиерот истакна и дека компанијата Бучен Козјак е дел од многуте компании кои имаат инсталирано и фотоволтаични системи за сопствено производство на електрчна енергија.

Министерот Николовски рече дека оваа 2022 година ќе биде запаметена како година во која комплетно се исплатени заостанатите обврски кон земјоделците.

„Бучен Козјак“ има традиција  за купување и преработка на млеко долга скоро 40 години. Уште во осумдесеттите години оваа компанија го препознала потенцијалот за откуп на млеко во овој регион, денес дневно преработуваат 50 тони сурово млеко.