ВИДЕО: Комерцијалните вакцини против сезонски грип ќе пристигнат утре
Дваесет и шест лица заболени од грип или состојби слични на грип евидентираше Центарот за јавно здравје Куманово во текот на минатата седмица. Од пријавените, засега најзастапена е работоспособната група, односно лица од 25 до 64 години. Зголемен број на заболени ученици од грип епидемиолозите очекуваат по стартот на второто полугодие.
Од ЦЈЗ потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Центарот препорачува вакцинација особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи – согласно препораките на СЗО.
Утре се очекува да пристигнат и комерцијалните вакцини.