ВИДЕО: КУД Српски вез на турнеја во Србија и Хрватска
Културно уметничкото друштво Српски вез на покана на Туристичката организација од Топола и Куд Опленац, и Куд Слога од Вуково, викендов со Детскиот и Младинскиот ансамбл и Етно групата, беше на турнеја во Србија и Хрватска.
Детскиот ансанбл настапи на отворањето на познатите 59.ти Опленачки берби, една од најпосетените есенски манифестациии во Србија.
Ансамблот на Српски вез заедно со нивните пријатели од Куд Опленац се сретнаа и со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој ја посети Кралската винарија Караѓорѓевиќ на Опленец.

Претседателот на Србија во краткиот разговор со малите членови на Српски вез уште еднаш искажа почитување и поддршка за се она што Српски вез го работи.
Младинскиот ансамнл на Српски вез го посети српското народно Собрание, на покана на претседателката на собраниската комисија за Србите од регионот и дијаспората, Милица Ѓурѓевиќ и Сања Лакиќ.
Пратеничките истакнале дека Српски вез е многу значаен субјект за зачувување на српскиот идентитет во Македонија и дека секогаш Српски вез ќе ја има поддршката на српскиот законодавен дом.
По завршувањето на посетата младите членови на Српски вез отпатувале во Вуковар, Република Хрватска, каде што ќе настапат на Фестивалот за млади-Регионални средби на српските фолклорни друштва. Покрај Српски вез ќе учествуваат и културни друштва од Унгарија, Романија, Австрија, Хрватска, БиХ и Србија.