ВИДЕО: „Куманово гас“ со загуба од над два ипол милиони денари

Шеесет и три нови вработувања во „Чистота  зеленило“, осумнаесет во „Куманово план“ и шест вработувања во „Куманово гас“ предвидуваат годишните планови за вработување во 2026 година, кои добија зелено светло од советниците на последната седница на Советот.

Во комуналното претпријатие најголемиот дел од вработувањата се однесуваат на општи, теренски работници, во „Куманово план“ ќе бидат вработени луѓе од сите профили, но најмногу архитекти, а во „Куманово гас“, предвидените вработувања се како резерва, информираа надлежните од јавните претпријатија.

Што се однесува до тримесечниот извештај за финансиското работење, од први април до 30 јуни годинава, јавното претпријатие „Куманово гас“ остварило загуба од 2.674.040, соопшти директорот Марко Митровски.