ВИДЕО: Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата го исклучила од сообраќај, тврди Петрушевски

Пајак службата утрово продолжи да функционира со старото возило, додека за новото возило, надлежните во јавното претпријатие „Куманово -паркинг“ ќе чекаат одговор од институциите, во спротивно, како што велат, правдина ќе бараат на суд.

Минатата седмица Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата го исклучила од сообраќај, за што во саботата информираше директорот Сашо Петрушевски.

На прес -конференцијата, Петрушевски потенцираше дека јавното претпријатие е под постојан притисок, а токму еден од примерите е стопирањето на новото пајак возило од  инспектор на Државен инспекторат за транспорт и барање од негова страна лиценца за транспорт, која по закон, акко што тврди директорот, не треба да ја има претпријатието.

Коментари

коментар(и)