ВИДЕО: Куманово се подготвува за Богојавление – Водици

Православните верници се подготвуваат за претстојните празници Богојавление- Водици и Свети Јован Крстител.

Водици или Богојавление народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, после Божиќ и Велигден, зашто на тој ден според верувањето, Исус Христос е крс­тен од Свети Јован Крстител на реката Јордан, на неговата 30-годишна возраст.

Фрлањето на крст во реките, езерата, базените па дури и во фонтани е само еден од обичаите кој остана да се практикува кај нас. Се верува дека тој што ќе го пронајде крстот во вода ќе биде среќен цела година и е кум на црквата.

Традиционалното јадење кое што се подготвува за овој ден се пивтии со пресна погача, појаснува м-р Анита Стојчевски,  кустос советник етнолог во НУ Музеј -Куманово.

После Богојавление следува празникот Собор на Свети Јован Крстител кој што е тесно поврзан со крштевањето на Исус Христос на реката Јордан и овој светец е заштитник на кумството и побратимството.

Многу семејства денот го чествуваат како домашна слава, а воедно се слави и како именден.