ВИДЕО: Куманово ќе има вода летово
Кумановци летово ќе имаат вода и за пиење и за наводнување, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.
„Вода има доволно во акумулациите Глажња и Липково. Засега сите побарани количини вода се испорачуваат до ЈП „Водовод“, истакна Дарко Живковски, овластено лице на кумановската подружница, со апел за рационална потрошувачка на водата.
-Водата во Куманово во моментот се одвива непречено, имаме непречен дотур на вода преку три цевководи, индустрискиот, главниот цевковод и бај пас до ЈП „Водовод“. Сезоната е започната со 16 милиони, моментално има 12 милиони метри кубни во акумулацијата. Сите побарани количини ги испорачуваме до ЈП „Водовод“, во непречена комуникација сме, имаме целосно разбирање. Исто така, сезоната за наводнување кон земјоделците ја започнавме, немаме моментално поплаки. Вода во акумулацијата има и ќе има, но апелирам до граѓаните да ја користиме рационално затоа што за водата не одговараме само ние, туку целокупното општество, сите треба да ја користиме рационално, посебно апел ќе дадам до земјоделците, тие да ја користат и да немаме непотребни испуштања на вода. Секогаш граѓаните ќе бидат на прво место за водоснабдување, но имаме доволно количини на вода, изјави Живковски.