ВИДЕО: „Кумановска Пивтијада“ по 24 пат во ресторан Грација

По повод Богојавление- Водици вчера се одржа гастономската манифестација „Кумановска пивтијада“ по 24 пат во градот. Организатори на манифестацијата последните неколку години се здружението на дијабетичари „Куманово“, здружението Еко гард“ и ресторан Грација, поддржана од градоначалникот и Советот на општината.

Годинава „Пивтијада“ беше со ревијален карактер, а свечено ја отвори градоначалникот Максим Димитриевски.

Кум на годинешната манифестација е културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, а ОК ВМРО ДПМНЕ од Куманово ќе ја има честа да биде кум на „Кумановска Пивтијада “ наредната година.

Следната година „Пивтијада“ ќе прослави 25 годишен јубилеј, а организаторите најавуваат уште помасовна манифестација.