ВИДЕО: Магично шоу со Дарко Ѓурчиновски во Центарот за култура

Предновогодишно шоу со Дарко Ѓурчиновски за најмладите, детски новогодишни претстави, изложба на академскиот сликар, конзерватор и реставратор Валентина Илијевска се дел од активностите што ќе се реализираат во центарот за култура до крајот на годинава.

„Годишната програма на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во целост е реализирана, а беа организирани и повеќе настани кои не беа дел од програмата“, информира директорот Сашо Тодоровски, оценувајќи ја 2022-та како успешна година.

-Овие петнаесетина дена пред да заврши годинава сакаме да ги исполниме со неколку културни настани во центарот за култура, така што би најавил утре во 12 часот во малата сала на центарот за култура ќе гостува Дарко Ѓурчиновски, познат шоу мајстор, едно Магично шоу за најмладите, веќе гледаме дека има интерес по училиштата и сигурни сме дека ќе биде исполнета салата до последното место. Ги повикуваме сите млади деќиеа кои што сакаат да дојдат да се дружат на едно невообичаено дружење во 12 часот. Планираме две детски театарски претстави новогодишни, Дедо Мраз во Музеј, термините веќе се закажани, на 22 и на 26  декември, тоа ќе биде дел за децата кои што се во училиштата и дел од билетите ќе бидат во слободна продажба. Би сакал да ја најавам на 22 декември изложбата од годишната програма на кумановската уметница Валентина Илијевска со што ја завршуваме годишната програма во центарот за култура и можеби ќе имаме еден концерт во малата сала во центарот за култура после 20 декември. Ние се што испланиравме од годишната програма, се за што добивме финансиски средства стопроцентно е реализирано во центарот за култура, реализиравме и многу настани кои не се во годишната програма така што задоволни сме и со фестивалите кои ги имавме и со сите настани тековни во центарот за култура и сигруен сум дека идната година ќе биде уште поуспешна, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Оваа година НУ Театар може да се пофали со седум премиерни изведби на претстави.

-Навистина сме задоволни, сега имаме мал проблем со тоа што ги извадивме премиерите, а не можеме постојано да ги играме поради реконструкцијата на театарот, но сега во малата сала која ја прилагодуваме во центарот за култура сигурен сум дека после новогодишните и божиќните празници, дел од тие театарски претстави ќе може да ги играме во малата сала во центарот за култура, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Во меѓувреме, љубителите на ликовната уметност имаат можност до 20-ти декември во фоајето на центарот за култура да ја посетат изложбата на цртежи „Скици 2022“.