ВИДЕО: Матурантите завршуваат со наставата
Со заедничка фотографија пред Гимназијата „Гоце Делчев“ матурантите денеска ја завршија учебната година. Директорката Марија Тодоровска им посака успех во животот и понатамошното образование.
Матурската вечер гимназијалците ќе ја прослават на 12 јуни, а пак, учениците од средното техничкo училиште „Наце Буѓони“ на 22 мај.
Матурантите од средното стручно училиште „Перо Наков“ матурата ќе ја прослават на 16 јуни.