Од први до седми август се одбележува Светската недела на доењето. Темата за годинава е „Доење за одржлив почеток во животот: да го зајакнеме она што функционира“.
По повод светската недела, здравствените работници од Општа болница Куманово порачуваат дека мајчиното млеко е природна и најсоодветна храна за новороденчето и претставува најдобра заштита за нивниот правилен раст и развој.
„Доколку мајката и новороденчето се во добра состојба, првото доење започнува триесетина минути по породувањето“, посочуваат лекарите.
Инаку, во болницата паралелно се работи и на повторно отворање на школата за родителство, од први септември годинава.