ВИДЕО: Мирослав Трлин во ИНТЕРВЈУ

Група пензионери од Куманово, членови на Иницијативниот одбор за промена на Статут на здружението на пензионери „Куманово“ деновиве поднеле Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување , по скратена постапка.  Станува збор за иницијатива за донесување на Закон за исплата на посмртна отпремнина за пензионерите во Македонија од Фондот на ПИОМ. Групата пензионери се залагаат и за носење Закон и методологија за покачување на пензиите, донесување на Закон за минимална пензија и други бенефити што би требало да ги имаат пензионерите, а се пракса во европските држави.

Повеќе на оваа тема ќе слушеме од Мирослав Трлин од Иницијативниот одбор.

Целосното интервју ќе имате можност да го проследите утре во 18 часот.

 

Коментари

коментар(и)