До крајот на годинава уште седум институции ќе бидат приклучени на гасификациската мрежа, соопштија надлежните од јавното претпријатие „Куманово гас“. Според директорот на претпријатието Марко Митровски, вкупната бројка на досега приклучените правни субјекти на мрежата изнесува 39, а приклучокот се реализира преку проектот „ЕУ за чист воздух“ на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), со која Општина Куманово во септември минатата година потпиша Меморандум за разбирање за официјализирање на соработката и активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот.
„Во моментов се работи на приклучокот на Основниот суд во Куманово“, информира Митровски.
