Над 50 возила кои се технички неисправни или нерегистрирани се одземени на подрачјето на Куманово од почетокот на годинава, информираат надлежните од Секторот за внатрешни работи Куманово. Според портаролот Ивана Младеновска, до сега не е регистриран случај сопственикот да не сака да го отстапи возилото на полициските службеници.

Законски, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе до утврдувањето на техничката исправност, но не подолго од три работни дена, посочуваат од кумановската полиција.
Контролите за откривање на нерегистрирани или технички неиправни возила се секојдневни, велат од СВР Куманово, апелирајќи за доследно почитување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од страна на возачите.