ВИДЕО: Над три илјади книги набавила библиотеката во 2024 година

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во текот на изминатата година го збогатила книжевниот фонд за повеќе од 3000 библиотечни единици, информираше директорката Марија Спасовска на последната седница  на Советот на општина Куманово.

Финансискиот извештај кој беше презентиран пред советниците и јавноста покажува дека библиотеката која располага со сопствена и со буџетска сметка работи со позитивно салдо.