ВИДЕО: Намален бројот на првачиња и во ООУ „Кочо Рацин“
Во основното училиште „Кочо Рацин“ последните неколку години се запишуваат по десетина ученици помалку од секоја претходна учебна година. Намален број на првооодделенци генерално има во сите училишта во земјава со оглед на постојаното иселување на населението, намалениот наталитет и други причини. Но, токму заради малиот број на првоодделенци, постои ризик од затворање на училишта во руралните подрачја во идниот период.
Годинава, во централното училиште „Кочо Рацин“ запишани се 110 првоодделенци, а вкупната бројка заедно со подрачните училишта изнесува 127 ученици, информира директорката Галаба Давчевска.
Училиштето, хигиенско-технички е подготвено за почетокот на учебната година, подготвени се и наставниците, а постепено пристигнуваат и учебниците.