ВИДЕО: Невработените аплицираат за обуката за напредни ИТ вештини
Невработените кумановци до 34-годишна возраст со средно образование до 31 декември годинава имаат можност да се пријават за мерката-обука за напредни ИТ вештини. Како што соопштија надлежните од Центарот за вработување целта е да се надградат вештините на невработените од информатичките технологии.
„Преку обуките младите невработени ја зголемуваат својата конкурентност на пазарот на трудот“, додаваат надлежните.
-Во Центарот за вработување слободни места има за три модули, микрософт дата аналисти-, microsoft data analyst, јава девелопер -java developer и клауд администратор- cloud administrator. Младите, првин прелиминарно ќе се тестираат за да се оценат нивните знаења за да можат да ја следат обуката, изјави раководителката на центар за вработување Куманово, Марија Димитријевска.

По завршување на првичната селекција, се склучуваат договори. Обуката за модулите е различна и зависи од материјата која треба да се обработи.
– Да ги повикам младите лица од Куманово да се пријават, бидејќи станува збор за обуки коишто се доста скапи, а сега имаат можност преку обуките да се стекнат со дополнителни знаења. Сертификатите се признаени и ценети на пазарот на трудот. Праксата покажа дека оние кои успешни ги завршуваат овие обуки, брзо се интегрираат на пазарот на труд, изјави Димитријевска.
Јавниот оглас за активната мерка, обуки за напредни ИТ вештини беше објавен на 28 јули годинава.