ВИДЕО: Неисправна е водата за пиење во дел од селата во североистокот
Водата од градскиот водовод, како и водата од чешмите во близина на кумановската бања во селото Проевце е исправна и безбедна за пиење, информираат надлежните од Центарот за јавно здравје. Но, дел од селата во североисточниот регион кои не се приклучени на водоводната мрежа, имаат неисправна вода, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје. Овие води во кои најчесто се јавува бактеријата ешерихија коли да не се користат за пиење, ниту за готвење, препорачуваат надлежните.