ВИДЕО: „Ние сме Европа“ – трибина на Владата во Куманово

„На 11 декември (понеделник)во 18 часот, во Центар за култура Куманово ќе се одржи трибина под мотото „Ние сме Европа“, во организација на Владата, односно Секретаријатот за европски прашања.

Кампањата „Ние сме Европа“ се реализира во 8 градови во Македонија, каде што се организираат средби со граѓани и трибини на кои се отвораат прашања на неколку теми и тоа: земјоделство, туризам, култура, економија, млади, социјала, инфраструктура, а тема на трибината во Куманово ќе биде „Членството во ЕУ од аспект на енергетиката“.

На оваа трибина свое обраќање ќе имаат: претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Фатмир Битиќи заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Бесими министер за финансии, а видео обраќање ќе имаат амбасадорот на Европската Унија во Македонија- Дејвид Гир, како и амбасадорката на С.Р. Германија во Македонија Петра Дрекслер.

Владата предводена од СДСМ и Секретаријатот за европски прашања ги афирмираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не засегаат сите нас и тоа во духот на демократијата, мултикултурата, владеење на правото и економскиот напредок.

Владата ги поканува сите граѓани на Куманово да бидат дел од овој настан, каде што ќе можат директно од премиерот и останатите учесници на трибината да ги слушнат придобивките од членството  на Македонија во ЕУ во областа на енергетиката, како и да отворат точки на дискусија кои се однесуваат на процесот и придобивките од полноправното членство на Македонија во европското семејство“, рече на денешната прес-конференција Александар Митрички, портпарол на ОО на СДСМ Куманово.

Коментари

коментар(и)