Ќе се гради нова фабрика во индустриската зона во Куманово.
Швајцарската компанија „ДМ Бау Интернационал“ ќе инвестира седум милиони евра и ќе отвори 200 нови работни места. Станува збор за компанија која произведува модуларни објекти, а за инвестицијата ќе добие и државна помош.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потпиша договорот.