Повеќе проекти насочени кон уредување на јавниот простор, подобрување на инфраструктурата и зачувување на зелените површини најави Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во обраќање до жителите на комплексот згради на булеварот „Октомвриска револуција“.
„Во следниот мандат сите партерни содржини околу вашите згради ќе бидат уредени, воедно ќе бидат проширени сите постоечки паркинг простори, уредно одбележани, составен дел на втората зона за паркирање којашто ќе биде целосно бесплатна за сите вас коишто сте со место на живеење овде со адреса. Втората паркинг зона, како што рече, ќе важи за месните заедници „Панче Пешев“ и „БС Гојчо“ и ќе биде целосно бесплатна за жителите со пријавена адреса на живеење во овој дел од градот. Дополнително сите зелени површини, вклучувајќи го и „Ореов лад“, ќе бидат задржани со акцент дека нема да дозволам урбанизација на таа содржина, туку на таа локација ќе се изгради нова детска градинка и дополнително нови зелени површини, бидејќи сметам дека Куманово не заслужува таков тип на градби, особено во централно градско подрачје,“ кажа Димитриевски.
