Градоначалникот Максим Димитриевски, во придружба на Дедо Мраз, денеска традиционално подари новогодишните пакетчиња на децата на Одделот за детски болести во кумановската болница.
Надлежните од болницата се заблагодарија на Општина Куманово за подароците во пресрет на новогодишните празници, а пак Димитриевски им посака побрзо закрепнување на дечињата.
Општина Куманово, деновиве, како и претходните години ќе додели пакетчиња и на деца од ранливи категории семејства.
Повеќе детали од изјавите на Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово, д-р Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово и д-р Маргица Арсовска, раководител на Оддел за детски болести.