ВИДЕО: Нов инвеститор во индустриската зона Новини и Речица

Во индустриската зона Новини и Речица ќе инвестира уште една фирма, најави градоначалникот Макисм Димитриевски.

Според него, станува збор за домашен инвеститор, кумановска фирма за производство на лесна хемиска индустрија.  

-Интензивно се работи во индустриска зона Новини и Речици, онаа што беше земјиште сега е најголемо градилиште во Македонија. Во моментот имаме две активни инвестиции и имаме најава за уште една инвестиција на веќе купена парцела, која што сопственикот ја има купено од државата своевремено кога државата беше сопственик. Тоа е кумановска фирма, домашен инвеститор кој бара да се изгради пристапен пат до инвестицијата која што ја планира и проширување на неговите производствени капацитети за производство на лесна хемија, изјави Димитриевски.