Центарот за развој на Североисточниот плански регион денеска во ресторан Грација организираше обука на тема – Основи на зелена инфраструктура и зелени градови во рамките на проектот „Урбано зазеленување за здраво дишење“. Станува збор за проект финансиран од ЕУ од ИПА 3 програмата – прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, а партнери се Центарот за развој на Североисточниот плански регион и општините Ќустендил и Куманово.
„Целта на проектот е подобрување на зелената средина во двете општини, Куманово и Ќустендил, односно подобрување на средината во која живееме за поздрав живот на децата и на сите граѓани, изјави Николај Дочев, зам. градоначалник на Општина Ќустендил.
Предвидено е проектот да биде реализиран до декември 2026 година.
