ВИДЕО: Објавен јавен повик за финансиска поддршка на учениците
Министерството за образование и наука го објави јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50 илјади денари. Потребната документација е објавена во јавниот повик на веб страницата на МОН. Аплицирањето кое ќе се реализира преку училиштата ќе трае до 24 декември. Дали веќе започнало аплицирањето за оваа владина мерка во Куманово, ќе слушнеме од изјавата на директорката на гимназијата „Гоце Делчев“, Марија Тодоровска.