ВИДЕО: Одбележана неделата на имунизација во Куманово

Здравствен дом Куманово денеска преку промотивно – едукативен и креативен настан организиран на градскиот плоштад ја одбележа Европската недела на имунизација. Секоја година, традиционално се одбележува последната недела од април. Нејзината цел е да ја подигне свеста за важноста на имунизацијата во спречувањето на болести и унапредувањето на здравјето.

Во Куманово опфатот со мрп вакцината континуирано е под педесет проценти, истакна раководителката на превентивна здравствена заштита во ЈЗУ Здравствен дом Куманово, д-р Валентина Богоевска Димитриевска.