ВИДЕО: Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост во ООУ „Христијан Карпош“

Ученици од кумановските основни училишта „Христијан Карпош“, „11 Октомври“ и „Кочо Рацин“ заедно со корисници на дневниот центар „Доза среќа“ од Скопје денеска со пригодна манифестација го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.

Домаќин на заедничките активности, изработка на новогодишни украси, честитки и чаеви беше основното училиште „Христијан Карпош“, а целта е да се покаже дека сите сме еднакви, велат надлежните.