ВИДЕО: Одбојкарките на „ Христијан Т. Карпош“ најдобри во Куманово

Во спортската сала на основното училиште„ Христијан Карпош“ денеска се одиграа последните натпревари и со тоа заврши општинската лига во одбојка во женска конкуренција.

Прво место освоија одбојкарките на училиштето -домаќин на денешниот настан, „Христијан Т. Карпош“, второто место му припадна на училиштето „Толи Зордумис“ , а на трета позиција се најде одбојкарскиот тим на „Крсте Мисирков“.

Координатор на натпреварите во општинската лига во женска и машка конкуренција е професорот по физичко и здравствено образование, Саша Николиќ.

Училишните спортски активности се поддржани од општината и Советот на општина Куманово, Општинскиот сојуз на спортови и Сојузот на училишен спорт на Куманово.

 

Коментари

коментар(и)