ВИДЕО: ОК ВМРО-ДПМНЕ подари икона на среќниот фаќач на крстот
По повод христијанскиот празник Богајавление – Водици, преставници на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ подарија икона на среќниот фаќач на крстот од базенот во црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Од партијата на кумановецот му посакаа здравје, но и апелираа верниците, патриотите да ги посетуваат светите храмови заради духовно единство.

-Нашата партија како демохристијанска која според статутот е во директна поврзаност со МПЦ секогаш масовно присуствува на сите празници. И оваа година присуствуваме на светата литургија а потоа и на крстењето на водите и фрлањето на крстот. Оваа година на среќниот фаќач му подаривме икона која е посветена на Крстение Господово и му посакавме здравје и спасение. Ја користиме оваа можност да ги повикаме православните верници, патриотите да направат мал подвиг во своите животи и да почнат да доаѓаат во црква барем еднаш неделно, што е многу важно бидејќи во црква не се оди заради лични интереси и поединци, заради духовно единство, своите блиски, здравје и спасение-истакна Дејан Гроздановски, ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.