(ВИДЕО) Општината инвестира во подрачните училишта

Ќе се санира кровот на подрачното училиште „11 Октомври“ во кумановското село Речица. На јавниот повик објавен од општината за санација на покривот на училишната зграда се пријавиле десет компании, а избрана е фирмата „БФ-Адис“ од липковското село Отља. За реконструкција, општината ќе одвои 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност. Подрачното училиште на „11 Октомври“ во село Речица функционира од шеесеттите години од минатиот век.

Општина Куманово ќе го реконструира покривот и ќе ја менува фасадата на подрачното училиште „Кочо Рацин“ во село Биљановце, соопштија денеска надлежните. За реконструкцијата општината ќе одвои 1.436.124 денари од буџетот, изведувач на работите е компанијата „БФ Адис“ од Отља која е избрана како најповолен понудувач меѓу 16-те компании кои се пријавиле на објавениот тендер. Во подрачното училиште настава следат дваесет ученици во една смена во две училници во комбинирани паралелки. Училишната зграда е со површина од нешто над 300 метри квадратни, а дворот околу 700. Објектот е изграден 1965-та година.

 

Коментари

коментар(и)