Предвесникот на Христовото раѓање, Бадник организирано го прославија и жителите на населбата Карпош со палење на бадниковиот оган, со предавање на кумството, со оро, песна, греана ракија.
Паричката годинава се падна кај Стојанче Величковиќ, кој ќе биде кум на прославата следната година.
-Посакувам добро здравје и бериќет на сите граѓани. Јас од дете доаѓам на оваа традиционална прослава. Mислам дека за првпат и земам лепче, и еве за среќа ми се падна паричката и ќе бидам кум на наредната прослава“, изјави Величковиќ.
Организаторот, кабелската телевизија Карпош и годинава додели стотина вредни награди на кумановци кои што учествуваа во наградната игра. Услов за учество во наградната игра беше да бидат подмирени сметките за кабелската телевизија за претходната година, заклучно со декември месец.
