ВИДЕО: Осум листи за кандидати за градоначалник на Куманово поднесени до Општинската изборна комисија

Осум листи за кандидати за градоначалник и 14 листи за советници поднесени се до Општинската изборна комисија во Куманово за локалните избори закажани на 19 октомври, информираше денеска претседателката на ОИК, Кристина Цветковска.

Доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи ќе влезат во трката за градоначалник, односно советници во Советот на општина Куманово.

Во однос на кандидатите за градоначалник на Општина Куманово, станува збор за Мирослав Петковиќ од политичката партија Левица, Горан Стојковски – Диро од група избирачи, Арбен Етеми од Коалицијата ВЛЕН, Мартин Костовски од Коалицијата предводена од СДСМ, Нинослав Јакимовски – независен кандидат, Виолета Арсовска поддржана од Либерално-Демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите од Селвер Ајдини од Национална алијанса за интеграција и Максим Димитриевски од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.