ВИДЕО: Отворен ден во СОУ „Перо Наков“
Средното општинско училиште „Перо Наков“ денеска организираше Отворен ден за идните средношколци. На повеќе штандови во холот на училиштето беа презентирани струките со образовните профили.
Деветоодделенците имаат можност да се определат за една од струките:
– економија, право и трговија,
– текстил, кожа и слични производи,
– уметничко образование.
И годинава учениците имаат можност да се запишат во паралелка на спортска академија.
Во СОУ „Перо Наков“ во учебната 2025/26 година можат да се запишат вкупно 386 ученици во 14 паралелки со настава на македонски и на албански наставен јазик.