Пациентите да ги ажурираат своите податоци кај матичните лекари, пред се доколку е сменет телефонскиот број за да не пропаѓаат закажаните термини, апелираат надлежните од кумановската болница. Порачуваат – граѓаните да бисдат поодговорни, но и навремено да се ажурираат податоците од страна на матичните лекари. Доколку пациентите не се во можност да дојдат на закажаниот термин, треба навремено да го откажат. Најголема загуба на термини во последниот период имало кај бесплатната мамографија во рамки на скрининг програмата на Министерството на здравство, но дел од пациентите не ги почитуваат термините и за останатите прегледи.
Повеќе на оваа тема во вестите говори Владимир Симоновски, главен медицински техничар во Општа болница Куманово.