(ВИДЕО) „Пивтијада 2022″- 20-то јубилејно издание
По повод големиот христијански празник Водици, традиционално по 20-ти пат денеска во Куманово се одржа манифестацијата Пивтијада 2022, во организација на здружението на граѓани мултимедијален центар „Карпино“. На манифестацијата која се одржува во ресторан Грација, учествуваа неколку домаќинки кои подготвија чинии пивтии. Посетителите имаат можност да дегустираат од овој зимски специјалитет.

-Почнавме со 20 здруженија во градот ја направивме првата Пивтијада во ресторан Грација, следната година исто така, веќе третата година официјално со регистирано здружение мултимедијален центар „Карпино“ си ја почна Пивтијада. Поминаа многу години, натпреварувања, учествуваме и на други манифестации освоивме меѓународни награди. Ќе подготвиме и една монографија што се, се работеше изминатиов период, кој учествуваше и слично. Работевме манифестација два дена, се вареа пивтиите, имавме пивтија за гинис, самоилова пивтија, околу 300 килограми, на крај да дојдеме на овој костур, еднодневно да може да се организира, во недостаток на други ресурси- нагласи Зоран Павловски, претседател на МЦ Карпино.

-Јубилејот е голем, 20 години Пивтијада, а 30 години држава. Пивтијадата е традиција која се негува во Куманово. Се заблагодарувам на сите луѓе од здружението кои ја организираа манифестацијата, на сите учеснички кои се натпреваруваат-истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Годинешни куманови на манифестацијата се Здружението на чевлари Куманово.

